Поврзете се со нас

Репрезентација

Кадетките ја испотија силната Шпанија, но го претрпеа првиот пораз во Литванија

Објавено

на

Македонските кадетки го претрпеа првиот пораз на ЕХФ шампионатот кој се игра во Литванија, откако попладнево во пресметката на двете непорезени селекции по првите две рунди, како подобри излегоа Шпанките.

Моќната Шпанија ја оправда фаворитската улога, но нашата селекција до 17 години остави нависитна добар впечаток и добро се носеше против далеку посилниот противник.

Пресудно се покажа првото полувреме во кое Шпанките имаа предност од 17:11, па на крајот враќањето на нашите млади девојки се покажа како задоцнето, бидејќи имавме напад да дојдеме на само минус еден.

На крајот, македонските девојки агубија со 24:27 и го претрпеа првиот пораз во Литванија, откако во првите две рунди забележаа победи над Косово и домашната репрезентација.

Дукоска со осум погодоци беше најефикасната македонска ракометарка, додека по пет гола постигнаа Ризоска и Младеновска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни