Италија
Јувентус ја тестира желбата на Погба за враќање во Торино: Французинот ќе мора да се откаже од…
Пол Погба долго време се поврзува со заминување од Манчестер Јунајтед и премин во редовите на Јувентус или Реал Мадрид.
Актуелната состојба предизвикана од коронавирусот може да му го стопира трансферот на Французинот кој заработува вистинско богатство на „Олд Трафорд“.
Од Реал Мадрид веќе се откажаа од намерата да го ангажираат играчот, барем додека не се ослободат од преплатените ѕвезди како Герет Бејл и Хамес Родригез, па засега единствена опција остана само Јувентус.
Сепак, и Јувентус нема да има многу пари кои би можел да ги вложи во ангажманот на Пол Погба кој би чинел околу 90 милиони евра.
Проблем е и неговата плата која е превисока за Јувентус. Погба во Манчестер Јунајтед заработува 15 милиони фунти годишно, а за да го реализира трансферот во Јувентус наводно се согласил на 11 милиони фунти годишна плата.
Но, како што пишува „Тутоспорт“ и ова се преголеми пари за Јувентус кој ќе побара Погба дополнително да ги намали барањата и да заработува барем по девет милиони евра годишно.
Со ова на сериозен тест е ставена желбата на 27 годишниот фудбалер да си замине од Манчестер Јунајтед и да се врати во Торино.
-
Лига на нации18 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП17 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации19 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Македонија14 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Репрезентација9 часа
Миовски е автор на вториот најатрактивен гол во квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Лига на нации19 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Лига на нации18 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)
-
Репрезентација6 часа
ФФМ: Масев е разрешен, случајот го оставаме на органите на државата!