Поврзете се со нас

Италија

Јуриќ е кобен за Милан: Торино со играч помалку го замолкна „Сан Сиро“ (Видео)

Објавено

на

Иван Јуриќ запиша едно реми и една победа во двата дуели со Милан во 2022-ра година, а тренерот од Хрватска полека прераснува во вистински специјалист кога се дуелите против „росонерите“ во прашање.

Неговиот Торино вечерва успеа да направи уште еден голем подвиг на „Сан Сиро“, кој добива уште поголемо значење поради фактот што гостите играа со играч помалку точно 50 минути (20 во регуларен дел и 30 во продолжението).

Торино остана со 10 играчи на теренот во 70-та минута поради исклучувањето на Џиџи, но успеа херојски да се одбрани во регуларниот дел, а потоа да ја дочека својата шанса преку контра.

Иако Милан имаше се на своја страна кога се во прашање поседот и ударите кон голот, ниту една топката не заврши зад грбот на Милинковиќ Савиќ, што не беше случај на спротивната страна.

По една контра во 114-та минута, Адопо погоди за 0:1 и го замолкна „Сан Сиро“, а овој гол значеше дека Торино патува во четвртфиналето на Копа Италија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни