Поврзете се со нас

Англија

Јунајтед доби „контра-удар“ и тешко ќе ја обезбеди замената за Погба: Имаме конструктивни разговори со него

Објавено

на

Големи се шансите Манчестер Јунајтед да остане без услугите на Пол Погба кој притиска за заминување од клубот во летниот преоден рок.

Французинот поттикнат од својот агент, Мино Рајола сака да го напушти „Олд Трафорд“, а во овој момент како најсериозна опција за негова следна дестинација се јавува тимот на ПСЖ.

Од Манчестер Јунајтед не седат со скрстени раце и според медиумите во Англија веќе се во потрага по замена за Погба кој зад себе остави одличен настап на Европското првенство кое заврши неодамна.

Леон Горецка бил прв избор на раководството на „ѓаволите“ кое ја увидело ситуацијата со германскиот репрезентативец и неговиот договор со Баерн Минехн и притиснало за ангажман на фудбалерот. Сепак, според последните најави од првиот човек на „баварците“, Херберт Хајнер, Јунајтед тешко дека ќе го обезбеди потписот на Горецка затоа што двете страни се во сериозни преговори за продолжување на соработката.

– Водиме добри и конструктивни преговори со Горецка за продолжување на неговиот договор, а ист е случајот и со Кимих. Наскоро ќе следат нови преговори и ние сме цврсто убедени дека ќе најдеме конечно решение, -изјави  Хајнер во интервјуто за „Спокс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни