Репрезентација
Јончевски го најави враќањето на Димитријевиќ: Забележавме што треба да поправиме за утрешниот меч

Александар Јончевски е предводник на македонската кошаркарска репрезентација во отсуство на Драган Бајиќ кој има позитивен тест на коронавирус, па и покрај лошата слика оставена во Тбилиси, помошник тренерот и играчите со позитивни мисли влегуваат на вториот меч.
Македонија утре ќе ја пречека Грузија на домашен терен во „Борис Трајковски“ и сигурно ќе се обиде да го поправи впечатокот од четвртокот, кога на гостувањето во Тбилиси ни недостасуваа и тројца важни играчи.
Од тоа што се виде на денешниот тренинг, Мекиќ најверојатно нема да може да им помогне на соиграчите и утре, но повратник е Ненад Димитријевиќ, а шанса за настап има и Андреј Магдевски.
– При анализата на натпреварот штo го одигравме во Тбилиси, забележавме многу работи кои можеме да ги поправиме. Работевме на моментот да ги запреме нивните најдобри играчи Мекфејден и Шермадини, но не успеавме во тоа и ќе се обидеме тоа да го направиме во Скопје.
– Имавме најави дека на утрешниот натпревар ќе се вратат неколку важни репрезентативци како Димитријевиќ, Мекиќ, Ѓуроски, но освен Димитријевиќ кој е присутен на тренинзите, се уште не можеме да сметаме на останатите. Мислам дека шансите не се загубени, бидејќи со подобра игра од онаа во четвртокот, како и со триумф против Украина во јуни, можеме да се надеваме на пласман во следната фаза од квалификациите, – порача Јончевски.
-
Македонијапред 13 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Англијапред 21 час
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Германијапред 18 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 17 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Шпанијапред 21 час
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 20 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Македонијапред 11 часа
Дејвис со оригинален коментар по Куп драмата: Овој тим на Вардар има „кохонес“
-
Македонијапред 13 часа
Херојот Талески: Пресуди името Вардар, Пелистер нема играч кој презема одговорност!