Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ откри што му порачал на Вембењама: Ако ми направиш уште една блокада…… (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/spurs

Денвер со доста маки го скрши отпорот на Сан Антонио и успеа да стигне до победа, а што е најважно, Нагетси се вратија на првото место на Западната конференција.

Никола Јокиќ блескаше во свој препознатлив стил и го заврши мечот со 42 поени, 16 скокови 6 асистенции, но мора да се признае дека во неколку наврати ги загуби дуелите со Вебањама, односно беше блокиран од високиот Французин.

Србинот во неколку наврати беше уловен во симпатични разговори со талентираниот кошаркар кој е вистински хит во НБА лигата, па на новинарите по мечот им открил каква порака имал за помладиот колега.

– Му реков дека ако ме болкира уште еднаш, ќе му направам нешто…….. После тоа ме блокираше уште четири пати и не можев да направам ништо околу тоа.

– Поради него, денеска имав повеќе забивања. Едноставно мора да забивате кога ве брка Вемби. Најважно за нас е што на крајот успеавме некако да победиме, – изјави Јокиќ по триумфот од 110:105.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни