Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ нема дилеми: Дончиќ заслужува да биде МВП

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/dallasmavs

Денвер Нагетс не успеа да оствари позитивен резултат на гостувањето во Тексас кај Далас Маверикс во средба која беше решена во последната секунда од страна на Кајрин Ирвинг.

Ова беше дуел во кој Никола Јокиќ одигра под своите стандарди, но од друга страна пак блескаше Лука Дончиќ кој беше прв стрелец со 37 поени. Познато е дека Јокиќ и Дончиќ многу се почитуваат, па Србинот нема дилеми дека ѕвездата на Далас го заслужува признанието МВП за сезонаат 2023/2024.

-Мислам дека 100 проценти го заслужува МВП признанието. Но, тоа не е моја одлука, да бидам искрен, -истакна центарот на актуелниот шампион.

Дончиќ сезонава има просек од речиси трипл-дабл, 34,3 поени, 9,8 асистенции и 9 скока.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни