Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ нема да игра за Србија на претстојното СП

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ ја освои титулата со Денвер во НБА лигата, но летово нема да се бори за уште еден престижен трофеј.

Српските медиуми денеска објавија дека центарот го информирал селекторот Светислав Пешиќ дека нема да настапува на претстојното Светско првенство, што претставува голем хендикеп за нашиот северен сосед.

Јокиќ одамна навестил вакво решение, па во меѓувреме Пешиќ и федерацијата се обиделе да го премислат, а неуспешен обид имал и новиот капитен Богдан Богдановиќ.

НБА ѕвездата решила да го искористи летото за подолг одмор и затоа ќе го скокне настапот на мундијалот, а селекторот Пешиќ слична информација добил и од Никола Калиниќ.

Српските фанови сметаат дека ваква одлука ќе донесе и Василије Мициќ, што е потврда дека селекцијата ќе биде значително ослабена на СП.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни