Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ: МВП? Не размислувам за тоа, има многу играчи…

Објавено

на

Денвер Нагетс по една вистинска драма по две продолженија славеше над Мемфис Гризлис со 139:137, резултат за кој најзаслужен беше кој друг ако не Никола Јокиќ со 47 поени, 15 скокови и 8 асистенции.

Србинот беше нерешлива енигма за одбраната на Мемфис и со тоа само потврди дека игра на ниво на МВП. Ама центарот без разлика на оваа партија и тоа што го прави сезонава  останува скромен и не сака самиот да се смести во трката за најкорисен играч во кампањата.

-Не размислувам за тоа. Не читам ништо и не знам што да кажам. Има многу играчи во оваа лига кои играат на високо ниво, тоа е мојот одговор, -кратко и јасно порача популарниот Џокер.

Нагетс имаат учинок 37-20 и се четврти во западната конференција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни