Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ и Дончиќ доминираа во победите на нивните екипи, Вашингтон го запре неверојантиот Кари (ВИДЕО)

Објавено

на

Никола Јокиќ и Лука Дончиќ веќе одреден период играат голема улога во НБА лигата, па така рано утрово во нивен стил со нови одлични партии овозможија победи на Денвер Нагетс и Далас Маверикс.

Во супер интересна пресметка во која 26 промени на водството и 17 пати резултатот беше израмнет, Денвер како гостин беше подобар од Портланд со 106-105. Ова за составот од Колорадо беше четврти триумф во низа, лидер во истиот беше Јокиќ со 25 поени, 9 скокови и 5 асистенции со тоа што треба да се напомене дека и останатите членови на првата петорка имаат двоцифрен број на кошеви.

Кај Портланд повратникот Лилард беше прв стрелец со 22 кошеви.

Дончиќ пак остана кус за една асистенција за да запише трипл-дабл (30 поени, 10, скокови, 9 асистенции), но она што е најважно Далас извојува победа над Детроит од 127-117. Маверикс има учинок 31-26 и се наоѓа на седмото место на Западот.

Вашингтон Визардс се избори за славје над Голден Стејт Вориорс од 118-114 во средба во која главна вест беше прекинот на извонредната серија на Стеф Кари.

Кари ја дочека пресметката во американската престолнина со 11 мечеви во низа на кои реализираше 30+поени, меѓутоа секоја серија има свој крај, Визардс го затвори плејмејкерот и го спушти на само 18 поени и само 2 тројки.

Бил беше најпрецизен кај победникот со 29 поени и 10 скокови, Вестбрук пак потврди уште еднаш дека е трипл-дабл машина со 14 поени, 20 скокови и 10 асистенции.

Останати резултати:

Кливленд – Чикаго 121-115
Индијана – Оклахома 122-116
Филаделфија – Феникс 113-116
Торонто – Бруклин 114-103
Њујорк-Атланта 137-127 (прод,)
Хјустон – Јута 89-112
Сан Антонио – Мајами 87-107
Клиперс – Мемфис  117-105
Сакраменто – Минесота 128-105

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни