Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ и Денвер го решија Бостон во дуелот на најдоброто од Западот и Истокот

Објавено

на

Денвер Нагетс излезе како победник во дуелот со Бостон Селтикс (123:111), кој беше соочување на конференциските лидери, а беше одбележан и со прекинот поради проблеми со позицијата на еден од обрачите.

Домаќините подобро се снајдоа по принудната пауза во последниот период, па предводени од Никола Јокиќ стигнаа до 24-та победа сезонава.

Србинот уште еднаш забележа трипл-дабл и тоа со 30 поени, 12 скокови и 12 асистенции, а најголема поддршка добил од Браун (21 поен). На спротивната страна, Браун реализирал 30, а Тејтум 25 поени.

Јанис Адетокумпо го пропушти дуелот меѓу Милвоки и Вашингтон, а гостите го искористија тоа за убедлив триумф, предводени од Хачимура кој постигнал 25 поени.

Резултати:
Денвер-Бостон 123:111
Мемфис-Сакраменто 118:108
Милвоки-Вашингтон 95:118

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни