Поврзете се со нас

Балкан

Јакимовски потпиша за грчки прволигаш

Објавено

на

Македонскиот интернационалец, Никола Јакимовски повторно ќе игра во Грција и тоа во екипата на Аполон Смирнис.

Јакимовски се одлучи одново да настапува кај нашиот јужен сосед откако претходно во два мандати беше дел од АЕЛ од Лариса. Никола има големо искуство, богата кариера која тргна од Македонија Ѓорче Петров по што играше во Унгарија, Србија, Јапонија и Италија каде промени голем број на клубови.

Поранешниот младински репрезентативец оваа вечер и дебитираше за Аполон против шампионот Олимпијакос, беше активен 90 минути во ремито без голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни