Поврзете се со нас

Олимписки игри

Извршниот директор на ОИ во Токио не отфрла радикална одлука во последен час

Објавено

на

Жителите во Јапонија веќе извесно време се против одржување на Олимписките игри во ситуација кога владее вонредна состојба во Токио, па откако се појавија голем број позитивни случаи на Ковид 19 и по пристигнувањето на учесниците во олимпиското село, притисокот врз организаторот на игрите е се поголем.

До денеска попладне, пријавен е 71 позитивен случај на Ковид 19 меѓу членовите на Олимписките тимови, па и покрај тоа што јапонските организатори гарантираат максимално добри безбедосни мерки, сега за првпат има изјава со која не се исклучува откажување на Олимпијадата во последен момент.

Тоширо Муто како извршен директор на организациоскиот комитет на Олимписките игри во Токио не исклучи радикална одлука во последен момент, а неговата изјава експресно стана топ тема во светската спортска јавност.

– Не можеме да предвидиме во која насока ќе одат случаите со коронавирусот. Ги продолжуваме разговорите и ќе видиме што ќе правиме доколку дојде до голем раст.

– Се договоривме дека ќе имаме состаноци на кои ќе учествуваат пет страни. Се може да се случи, а ние мора да ја донесеме правилната одлука, – изјавил Муто на прашањето дали може да се откаже цела организација во последен момент.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни