Поврзете се со нас

АТП

Ивановски збесна откако загуби „добиен меч“ во четвртфиналето на Вимблдон (Видео)

Објавено

на

Калин Ивановски пропушти голема шанса за пласман во полуфиналето во вториот луд сет кој го одигра против Роденас, бидејќи најпрво спаси сет топки и се врати од негатива од 5:1 во гејмови, а потоа се сврте тркалото во тајбрејкот.

Македонскиот тенисер лесно го доби првиот сет со 6:3 и водеше со 5:2 во тајбрејкот во вториот сет, па го делеа само два поени од пласман во полуфиналето на јуниорскиот Вимблдон.

За жал, Калин загуби пет поени по ред во тајбрејкот и Роденас славеше со 7:5 за 1:1 во сетови, а потоа имаше повеќе нерви и психолошка предност во одлучувачкиот трети сет кој го доби со 6:4.

Ивановски дефинитивно има за што да жали, а најдобра отслика за тоа што му се случи во вториот сет е бесната реакција која ја имаше самиот по шокот во тајбрејкот.

Калин бесно викаше и се слушаше само тој за време на телевизискиот пренос на „Спорт Клуб“, телевизија која издвои и видео од нервозната на балкански начин.

– Пет поени по ред, пет поени по ред….. Ни сам не знае како пројдоа некои паралели…., – беа само дел од бесните реакции на македонската тениска надеж.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни