Поврзете се со нас

АТП

Ивановски и Ѓорческа со мал пад на АТП и ВТА листата

Објавено

на

Foto:www.facebook.com/ladiesopen

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски и најдобрата македонска Лина Ѓорческа забележаа мал пад на АТП, односно ВТА листата.

Ивановски се лизна три позиции и сега се наоѓа на 308.то место со 176 поени, додека пак Ѓорческа со вкупно 399 поени е 187 на светот (пад од едно место).

Останатите тенисери ги држат следниве места: Горазд Србљак (1066) и Обрад Марковски е на 1.474. на планетава. Магдалена Стоилковска кај дамите е рангирана на 1.227.то место со 8 поени.

Во конкуренција на двојки Ивановски е на 628. место (скок од пет позиции со 79 поени), Берк Бугариќ е рангиран на 1361. место со 16 поени. Марковски има пад од две места и е на 1.485 со 13 поени, додека Елдин Хусеиновиќ со три поени има напредок од четири позиции и е рангиран на 2.125 позиција.

Ѓорческа во конкуренција на двојки е на 317 со 256 поени, пад за три места, а Стоилковска со 6 поени има скок од 6 места и се наоѓа на 1.461 позиција.

Кога се работи за самиот АТП и ВТА врв истиот е резервиран за Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни