Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Инѕаги внимателен пред Порто: Мора да влеземе со ладни глави, Консеисао е одличен тренер

Објавено

на

Интер утре го дочекува Порто во првата средба од осминафиналето во Лигата на шампионите, средба на која важи за голем фаворит ако се погледнат обложувалниците.

„Нероаѕурите“ успеаа да ја минат тешката група во која беа уште Баерн Минхен и Барселона, па водени од тоа дефинитивно ќе сакаат да покажат дека знаат, умеат и се способни за уште поголеми резултати.

Меѓутоа во таборот на калчолигашот се внимателни и имаат максимална почит кон Порто кој редовно е дел од елитното натпреварување.

-Знаеме колку се важни натпреварите во осминафиналето на ЛШ. Станува збор за тешки натпревари и треба со ладни глави да влеземе во овој дуел. Ќе ми биде задоволство да го видам Консеисао, беше одличен соиграч. Ние славевме големи победи заедно, а сега прави одлични работи како тренер. Ние сме двајца прилично млади тренери. Тој е одличен тренер, врши одлична работа. Порто има 10 победи во низа. Овој дуел нема да се одлучи во Милано, затоа што ќе имаме 180 минути. Ова е само прво полувреме, -рече тренерот Симоне Инѕаги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни