Поврзете се со нас

Италија

Инѕаги се пожали за ужасната состојба на „Сан Сиро“: Имаме идентичен проблем со Милан

Објавено

на

Интер со доста маки направи пресврт против Венеција и триумфираше со гол постигнат во 90-та минута, натпревар на кој актуелниот првак на Италија имаше едно од најслабите изданија во последно време.

Един Џеко се претвори во херој со голот во самата завршница и донесе победа од 2:1, но и покрај освоените драгоцени три бода, тренерот Симоне Инѕаги на пресот сакаше да говори за лошата состојба на тревнинот на кој игра Интер.

Инѕаги смета дека Интер и Милан не профитираат доволно од лошата состојба на тревникот на „Сан Сиро“ која тој ја оцени за „ужасна“, а задоволството е до толку големо што вели дека тоа претставуав најголем проблем за двата ривали кои се борат за титулата во Серија А.

– Добра работа е што тимот веруваше до крај и што на крајот успеавме да дадеме гол. Момците направија голема раобта со оглед на тоа што игравме продолженија во Копа Италија и во Суперкупот.

– За жал, најголем проблем за Интер и Милан е она со кое се соочуваме на „Сан Сиро“. Едноставно не може да се игра на овој терен, тоа важи и за двата тима. Можевме да играме многу подобро против Венеција, но теренот е ужасен. Мора да преземеме некоја акција и да се погрижиме за ова, состојбата на теренот никогаш не била полоша, – порача Инѕаги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни