Поврзете се со нас

Балкан

Илиев одбрани два пенали на дебито во Сараево и покажа дека ќе биде големо засилување (Видео)

Објавено

на

Foto:facebook.com/FudbalskiklubSarajevo

Дејан Илиев пред два месеци се раздели со Хелсинки и стана јасно дека ќе бара нова средина во зимскиот преоден рок, а откако направи преселба во Сараево, денеска го дочека и своето деби.

Повремениот македонски репрезентативец имаше доста проблеми со повредите во последно време, но кога е здрав, популарниот Дени покажува дека знае да прави разлика.

Во тоа се уверија новите соиграчи од Сараево на денешниот Куп натпревар против Слобода Тузла, кој на крајот се решаваше по изведени удари од 11 метри.

Регуларниот дел заврши 1:1, а во пеналите клучен беше македонскиот чувар на мрежата кој успеа да одбрани два удари.

Илиев ги прочита Хаџановиќ и Јулариџија, па со своите одбрани му овозможи на Сараево да се пласира во четвртфиналето во Купот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни