Поврзете се со нас

Италија

Ибрахимовиќ за поранешниот соиграч: Еднаш го ставив Гатузо во канта за ѓубре

Објавено

на

Шведскиот напаѓач, Златан Ибрахимовиќ биз својата кариера соработуваше со многу играчи, група од која беше дел и Џенаро Гатузо, сегашниот тренер на калчолигашот Наполи.

Двајцата беа заедно во Милан, период од кој Ибрахимовиќ откри една анегдота кога успеал да го смести Рино во канта за ѓубре.

-Вчера му се јавив на Гатузo за да му испрати на мојот син роденденска честитка бидејќи тој е неговиот омилен играч. Син ми ја обожава одлучноста и карактерот кои Рино ги покажуваше на теренот.

-Му реков: Ако не ми испратиш видео со кое му го честиташ роденденот на мојот син, ќе дојдам во Неапол и ќе мораш тоа да го направиш во живо. Еднаш го ставив со главата во корпа за ѓубре, тој е силен, но сепак заврши во корпата за отпадоци, -истакна напаѓачот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни