Поврзете се со нас

Лига на шампиони

И Дани Алвес воодушевен од пресвртот на „Бернабеу“: Не ми е гајле што е играч на Реал… (Фото)

Објавено

на

Верните фанови и симпатизери на Реал Мадрид вечно ќе се сеќаваат на пресвртот кој го режираше нивниот омилен тим против ПСЖ, бидејќи на натпревар кој изгледаше изгубен до 60-та минута, на крајот доживеаја 30 минути за паметење во кои главен херој беше Карим Бензема.

Реал Мадрид беше инфериорен цели 150 минути во двете пресметки со ПСЖ и во последниот половина час влезе со негатива од 2:0, но трите гола на Бензема го неутрализираа водството на „светците“ и добивме доказ дека фудбалот е игра во која се е неизвесно до самиот крај.

Играчите и навивачите на Реал се погрижија за нова незаборавна и магична ноќ на „Бернабеу“, а во стил на голем фудбалски вљубеник, воодушевен остана и Дани Алвес.

Легендарниот десен бек кој одново настапува за Барселона објави Инстаграм стори, на кое го потенцираше името на херојот на вечерта.

– Не ми е гајле што е играч на Реал Мадрид…. Каков играч, каков играч е Карим Бензема!!!! Ја сакам оваа игра, – гласи објавата на Дани Алвес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни