Поврзете се со нас

Англија

И Чех си заминува од Челси: Време е да се повлечам, клубот ќе биде успешен и во иднина

Објавено

на

Англискиот прволигаш Челси доби нов сопственик, а по комплетирањето на зделката почнаа да „паѓаат“ луѓето од претходното раководство предводено од Роман Абрамович.

Си заминаа спортскиот директор Марина Грановскаја и клупскиот претседател Брус Бак за да денеска тимот од Лондон ја информира јавноста дека си заминува и легендарниот Петр Чех.

-Беше огромна привилегија да ја извршувам оваа улога во Челси во последните три години. Со новите сопстевници, чувствувам дека сега е вистинското време да се повлечам. Задоволен сум што клубот сега е во одлична позиција со новите сопственици и уверен сум во неговиот иден успех на теренот и надвор од него, -порача Чех кој ја имаше улогата на советник.

-Петр е важен член на семејството на Челси. Ја разбираме неговата одлука да се повлече и му благодариме за неговиот придонес како советник и за неговата посветеност на клубот и на нашата заедница. Му посакуваме се најдобро, -истакна пак претседателот Тод Боли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни