Поврзете се со нас

Европски првенства

Хрватскиот селектор незадоволен од Циндриќ: Ќе мора да разговарам со него

Објавено

на

Хрватска на извонреден и ветувачки начин го започна ова Европско првенство и ја победи Шпанија со десет гола разлика, но „коцкестите“ сега се пред елиминација во втората фаза.

Хрватите вчера претрпеа втор пораз во оваа рунда, па сега само теорија може да ги однесе до полуфиналето и до борбата за медали на овој шампионат во Германија.

По неуспехот со Франција, Хрватска вчера загуби и од Унгарија, па играчите на селекторот Перковац сега ќе мора да бркаат победи над Исланд и Германија, што ќе биде дополнително тешко поради лошата форма на клучни играчи како Циндриќ, но и болеста кај четири ракометари.

– Денеска ќе одработам разговор со Циндриќ и со уште неколку ракометари. Сакам да видам што го спречува Циндрииќ да одигра на нивото кое се очекува од него, истото важи и за останатите. Можеби станува збор за замор, но не сме само ние изморении. Ќе видиме што ќе биде и со Дувњак, ако биде здрав, може да го користиме за одбрана 5-1. Треба да знаеме дека не чека уште потежок ривал, Исланѓаните се подобри играчи од Унгарците.

– За жал, здравствената состојба ни е катастрофа уште од подготовките. Сега повторно имаме четворица кои имаат температура. Тоа се Карачиќ, Срна, Мараш и Мамиќ. Кој ќе биде подготвен за игра, тој ќе игра утре. Сигурно нема да биде лесно против Исланд, да ме прашавте пред турнирот, ќе кажев дека тие се во топ три селекции на шампионатот, – вели Перковац.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни