Поврзете се со нас

Свет

Хаосот кој владее во Иран го шокираше и најдобриот фудбалер од оваа земја

Објавено

на

Смртта на младата Махса Амини предизвика виситнски земјотрес во Иран и протестите во Техеран се уште пожестоки и понасилни по немилиот настан, кој медиумиски беше проследен и од страна на најпознатиот фудбалер од оваа земја.

Али Даеи даде поддршка за правата на жените и силно го осуди убиството на младата Иранка која погина на протестите, а тоа го чинеше конфискација на неговата патна исправа.

Даеи потврди дека иранските власти без никакво објаснување му го одземале пасошот, па откако се создаде медиумски притисок од угледните весници, но и од клубовите за кои настапуваше во кариерата, истот му бил вратен.

– По моето враќање од странство, ми беше конфискуван пасошот на интернационалниот аеродром во Техеран, а тоа беше направено пред сите мои најблиски од семејството.

– Ми рекоа дека ќе мора да одам на суд за да си го барам назад. Не го направив тоа, властите сами ми го вратија после два или три дена. Иран има многу поголеми проблеми за решавање. Треба да го реши овој проблем, а не да користи репресија, насилство и апсења, – вели легендарниот напаѓач.

Али Даеи е најдобар ирански фудбалер во историјата, а најмногу е познат по тоа што до пред извесно време беше најдобар репрезентативен голгетер во историјата (109 голови), се додека неговиот рекорд не го надмина Кристијано Роналдо. Даеи во својата кариера играше за Херта, Баерн и Арминија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни