Поврзете се со нас

Свет

Хаос во Аргентина: Мечот Химназија – Бока прекинат поради истрели, полицијата пукаше и во новинари (Видео)

Објавено

на

Натпреварот меѓу Химназија и Бока Јуниорс се играше само девет минути, а во десеттата главниот судија одлучи да ги испрати играчите во подтрибинскиот простор, од каде потоа воопшто не се вратија.

Причина за тоа беа големите нереди и страшните инциденти пред стадионот во Ла Плата, каде полицијата дошла до жестока пресметка со хулиганите и навивачите.

Лошата организација и недоволното обезбедување на крајот направила дел од полицијата да употреби прекумерна сила, за што сведочи и камерманот на најпознатата аргентинска спортска телевизија „Tyc Sports“.

Полицаец испратил три гумени куршуми во телото на камерманот и овој тврди дека намерно го направил тоа, но тој сепак не минал најлошо, бидејќи стигна потврда дека едно детенце го загубило видот поради солзавци, а повозрасен маж од 57 години починал за време на хаосот.

Во принцип, инциденти на трибините немаше, но натпреварот дојде до прекин бидејќи огромна количина на солзавец се прошири и на теренот, па играчите не можеа да играат во нормални услови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни