Поврзете се со нас

Мото ГП

Хаос на трката во Индонезија: Гром удри на патеката, Маркес доби потрес на мозокот (Видео)

Објавено

на

Вистински хаос се случуваше на денешната трка од Мото ГП категоријата возена во Индонезија на патеката „Мандалика“.

Највозбудливото мотоциклистичко натпреварување се врати во Индонезија за прв пат по 25 години, а љубителите на овој спорт имаа што да видат затоа што имаше големо невреме кое создаде сцени кои ќе бидат уникатни само за оваа патека.

Имено, пред стартот на трката, гром удри во патеката, а тоа беше „уловено“ од камерите кои го реализираа директниот пренос. Поради временските неприлики трката беше одложена на еден час.

На последниот тренинг пред стартот на возбудувањата, Марк Маркес доживеа тежок пад по кој мораше да го пропушти денешниот настан. Шпанецот веднаш бил префрлен во болница каде му бил констатиран потрес на мозокот.

Што се однесува до самата трка, возачот на КТМ рејсинг Мигел Оливера триумфираше на патеката, второто место му припадна на Фабио Квартараро додека трет заврши Жоан Зарко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни