Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон: Титула со Ред Бул не би имала големо значење

Објавено

на

Луис Хамилтон и во иднина ќе биде дел од тимот на Мерцедес со кој неодамна ја продолжи соработката.

Со ова седумкратниот Ф1 шампион покажа верност, но и воедно испрати јасен сигнал дека верува дека во блиска иднина заедно ќе можат да бидат конкуренти во борбата за титулата.

-Со потпишувањето на договорот покажав колку сум посветен на тимот. Секако, секој возач сака да биде во победнички тим и верувам дека заедно ќе најдеме начин повторно да бидеме најдобри, -порача Англичанецот кој едно време со поврзуваше во преселба во Ред Бул.

-Ред Бул моментално го има најдобриот болид и не велам дека не би сакал да почувствувам како е да се вози Ред Бул. Сепак, искрено, титулата кај нив не би имала големо значање. Би било поубаво за мене да направам нешто со Мерцедес преку еден процес каде што ќе го победиме, -заклучи Луис кој минатава сезона ја заврши на третото место во генералниот пласман зад Макс Ферстапен и Серхио Перез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни