Поврзете се со нас

Франција

Хакими сака да го напушти ПСЖ

Објавено

на

Ашраф Хакими не е задоволен од актуелната ситуација во својата кариера и сака да го напушти ПСЖ.

Ова го тврди „Мундо Депортиво“, според чии сознанија мароканскиот фудбалер од повеќе причини сака да замине од Париз.

Хакими беше доведен како скапо засилување од Интер и за него беа платени 60 милиони евра, но не успеа да ги повтори игрите кои ги прикажуваше во италијанскиот тим. Откако дојде во Франција, Хакими има вкупно 9 голови и 11 асистенции.

Од друга страна, самиот фудбалер бил незадоволен од целата атмосфера во соблекувалната на ПСЖ, а истовремено сака да замине од Франција и поради процесот за сексуален напад, поради кој му се распадна и бракот.

Договорот на фудбалерот е до 2026 година, но ПСЖ веројатно добро ќе размисли за продажба, ако добие соодветна понуда од друг клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни