Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола по изјавата на новиот голгетер на Сити: Така викаше и Меси, ми се допаѓа што тоа го кажа и Халанд

Објавено

на

Ерлинг Халанд во одлично светло се прикажа во својот официјален деби настап за клубот од „Итихад“.

Манчестер Сити славеше сигурна победа од 2:0 на гостувањето кај Вест Хем, а стрелец на двата погодоци беше токму Ерлинг Халанд.

22 годишниот напаѓач по крајот на натпреварот истакна дека жали што не постигнал повеќе погодоци, а Пеп Гвардиола веднаш реагираше на ваквата негова изјава.

– Ми се допаѓа тоа што го кажа. Имав среќа да му бидам тренер на Меси, кога тој ќе дадеше два гола, сакаше три. Кога ќе дадеше три, сакаше четири. Најголемите голгетери никогаш не се задоволни, секогаш се гладни и сакаат што повеќе голови.

– Кога Ерлинг беше под критики, беше многу мирен, вредно тренираше и имаше голема самодоверба во него, -изјави Пеп Гвардиола.

Халанд ќе може да ја продолжи својата голгетерска форма веќе на 13 август кога Манчестер Сити ќе го пречека Борнмут.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни