Поврзете се со нас

Светски првенства

Гризман се израмни со славниот Платини, па порача: Ова за мене е…

Објавено

на

Франција го потврди статусот на фаворит и славеше со 2-0 над Финска во квалификациите за Светското првенство.

Ова за „триколорите“ беше прво славје во овој септемвриски „прозорец“ по нерешените средби против Босна и Херцеговина и Украина, победа која ја донесе старо-новиот член на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман.

Гризман беше двоен стрелец и со тоа се израмни со легендарниот Мишел Платини на третото место на вечната листа на стрелци за француската репрезентација.

-Ова за мене е голем извор на гордост. Откако сум тука, од 2014 година, секогаш се трудам да го донесам најдоброто, без разлика дали се голови, со мојата дефанзивна или офанзивна работа, -истакна Гризман кој сега е на бројката од 41 погодок или поточно пред него се само Оливие Жиру (46) и Тјери Анри (51).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни