Олимписки игри
Гризман има голема желба: Ќе разговaрам со клубот, тоа ми е сон
Антоан Гризман повторно е еден од лидерите на Атлетико Мадрид, односно веќе се заборавени сите проблеми кои ги имаше на почетокот на вториот мандат по враќањето од Барселона.
Напаѓачот сега дава голови, асистира, има огромно влијание во играта и одново го има статусот на еден од најважните играчи на теренот. Атлетико има има доста битки до крајот на сезонава, а Гризман ќе биде повеќе од потребен за да се остварат зацртаните цели.
Тој веќе гледа и подалеку и ќе седне на маса на клубот за да си го оствари сонот и игра за Франција на ОИ кои годинава се на програмата во Париз.
-Ќе направам се за да учествувам на ОИ во Париз. Тоа е нешто исклучително, да ги имате Игрите во Париз. Ќе разговарам со клупските челници во догледно време, за да видам дали ќе ме пуштат. Го познавам своето тело, имаме одлични физиотерапевти и нема никакви проблеми.
-Ако не сум во репрезентацијата, ќе ги бодрам француските спортисти пред телевизор. Сакам да гледам ОИ со моите деца. Мојата ќерка Миа сака гимнастарки, -обелоденил напаѓачот за „Монд“.
Останува да се види дали Антоан ќе биде еден од тројцата играчи над 23 години во олимписката репрезентација која во Париз ќе ја предводи тренерот Тјери Анри.
-
Италија19 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија18 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија17 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет23 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
АТП17 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Свет21 час
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
ВТА20 часа
Историска победа: Швјонтек ја остави Анисимова на „нула“ и ја освои првата титула на Вимблдон
-
Шпанија16 часа
Модриќ со серија спомени ја одбележа својата незаборавна етапа во Реал: Ова не е збогум, ова е догледање (Фото)