Зимски спортови
Гранеруд „леташе“ на Гармиш и победата ја прослави како Халанд (Видео)

Првиот ден во новата година традиционално ни ја донесе втората станица од турнејата „Четири скокалници“, која мора да се признае дека беше крајно возбудлива до последниот скок.
Големите љубители на натпреварите во ски-скокови одново останаа воодушевени од случувањата на Гармиш-Партенкирхен, бидејќи победникот од Оберстдорф го чуваше најдоброто за самиот крај.
Полјакот Давид Кубацки за момент беше најдобар, после него импресионираше и Словенецот Анже Ланишек кој го презема врвот, но на крајот сите го чекаат последниот лет на Халвор Егнер Гранеруд.
Норвежанецот полета на Гармиш и вториот скок од 142 метри му го донесе првото место, откако претходно во првата рунда скокна 140 метри.
Гранеруд беше за нијанса подобар од конкуренцијата и победи на Гармиш, при што реши да прослави во стилот на својот многу познат сонародник, Ерлинг Халанд.
– Пред две години бев во многу добра форма на Гармиш и помислив дека ќе можам да режирам прослава како Халанд, да прославам во негова чест. Тој во тоа време беше крал во Германија, но на крајот завршив втор. Го чекав овој момент и затоа прославив на таков начин, – откри Гранеруд кој со победи од Оберстдорф и Гармиш патува на следните две станици во Инсбрук и Бишофсхофен.
𝐆𝐎𝐋𝐃 𝐅𝐎𝐑 𝐆𝐑𝐀𝐍𝐄𝐑𝐔𝐃 🥇
Unstoppable! @HGranerud adds Garmisch-Partenkirchen to his victory list with a 𝐦𝐚𝐬𝐬𝐢𝐯𝐞 jump of 142m, 5m further than Lanisek in second place 🥈🏆#4hills | #FourHills pic.twitter.com/LUpfM8sgcq
— Eurosport (@eurosport) January 1, 2023
Granerud 🤝 Haaland…
It's a Norwegian thing ⚽️⛷️🇳🇴#4Hills | #FourHills | @HGranerud pic.twitter.com/5dTgG8xvP1
— Eurosport (@eurosport) January 1, 2023
-
Светпред 23 часа
Червар лут на Гобац: Тој ме смени затоа што мисли дека е татко на ракометот!
-
Светпред 23 часа
Меси отворено за односот со Мбапе: Зборувавме за финалето на СП…
-
Англијапред 9 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Италијапред 18 часа
Алегри полуде по потегот на Ди Марија во самата завршница против Лацио (ВИДЕО)
-
НБАпред 20 часа
Се е подготвено за НБА спектакл: Познати се и резервите за Ол-стар мечот во Солт Лејк Сити (ФОТО)
-
НБАпред 22 часа
Тепачка во НБА лигата: Мичел и Брукс влегоа во жесток судир, па двајцата предвреме беа испратени на туширање (ВИДЕО)
-
АТПпред 20 часа
На чекор до ново финале: Ивановски го суреди и осмиот носител во Монастир
-
Светски првенствапред 17 часа
Коло Муани се уште го сонува зицерот против Аргентина: Можев да го лобувам Мартинез, да му додадам на Мбапе…(ВИДЕО)