Поврзете се со нас

Македонија

Гостивар се засили со репрезентативец на Грузија

Објавено

на

Македонскиот кошаркарски прволигаш Гостивар го донесе првото поголемо засилување за новата сезона, засилување кое доаѓа од Грузија.

Се работи за репрезентативецот на оваа земја 24-годишниот Ѓорги Корсантија кој може да ги покрие позициите четири и пет. Тој освен во својата татковина има настапувано и во Франција, а во таборот на Гостивар доаѓа од Кутаиси каде во минатата сезона имаше дабл-дабл ефект од 17.4 поени и 10, 5 скокови по натпревар.

Претходно беа продолжение договорите со Ренато и Роберт Димитриевски, Војче Лефкоски – Бараба, а ангажиран беше Максим Митевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни