Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Голема „кражба“ во Ријад: Ален го стаписа Селби со решавачкиот потег за полуфинале (Видео)

Објавено

на

Најдобрите снукер играчи деновиве се дел од првиот Мастерс во Саудиска Арабија, мини турнир кој се истакнува не само поради имињата кои учествуваат, туку и поради наградниот фонд и можниот максимален брејк од 167 поени.

Денеска на програмата се четвртфиналните дуели, а во првиот Марк Ален успеа да го добие Марк Селби во голема драма и со резултат 4:3.

Селби водеше со 3:1 во фрејмови и 57:12 во решавачкиот фрејм, но на крајот Ален не само што стигна до потребниот снукер, туку приреди голема „кражба“ пред воодушевените снукер фанови.

Во ситуација кога останаа само последните две топки на масата, Ален мораше да ги внесе двете за да победи, а во тоа успеа по еден спектакуларен потег за решавање на розовата топка, по што на мајсторски начин го затвори дуелот со внесување на црната за пласман во полуфиналето.

Победникот на Мастерсот во Ријад ќе добие 250.000 фунти, а првиот играч кој ќе стигне до максимален брејк од 167 поени добива фантастични 500.000 долари.

Максималниот брејк од 167 е достапен првпат во историјата и тоа со додавање на златна топка, која носи 20 поени и може да се одигра само после црната. Истата се отстранува од масата доколку во фрејмот нема можност за максимален брејк.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни