Поврзете се со нас

Македонија

Гоче за ребрендираната Академија Пандев: Ќе внесеме нешто ново, проектот ќе биде добар за македонскиот фудбал

Објавено

на

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев останува во Академија Пандев каде што ќе ја има улогата на претседател во ребрендираниот нов клуб со името Академија Пандев Брера Струмица.

Македонскиот прволигаш доби нови инвеститори, па ќе имаме нов проект во кој фокусот ќе биде на младите категории, таленти, проект во кој Гоче верува дека ќе донесе многу позитивни работи за нашиот фудбал.

-Ова е нов проект кој ќе биде добар не само за струмичкиот, туку и за македонскиот фудбал. Влегуваат нови луѓе, со нови идеи. Овој проект својот бенифит ќе го даде по 2-3 години, со макотрпна работа, ќе внесеме нешто ново во македонскиот фудбал. Оваа инвестиција ќе биде корисна за сите. Ние треба сите макотрпно да работиме, за да им покажеме на луѓето од Америка дека и тука може да се работи професионално.

-Никој не веруваше во нашиот проект. Поминаа десетина месеци, многу луѓе во клубот беа скептици. Се трудам да привлечам луѓе во странство, да се пренесе европскиот менталитет. Се надевам и други клубови ќе успеат да направат проекти, за клубовите да го водат главниот збор во лигите, -истакна Гоче во интервјуто во кое говореше за комплетната визија, но и за резултатите и проблемите на нашата А репрезентација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни