Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Го мина Мбапе: Белингем погоди за Дортмунд и испиша нова историја во ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

Младиот англиски репрезентативец, Џуд Белингем донесе водство за Борусија Дортмунд на пресметката против Бешикташ во Лигата на шампионите, а со тоа испиша нова историја во елитното натпреварување.

Имено со неговиот погодок во 20 минута тој стана најмладиот играч кој стрелал на два меча во низа во ЛШ. Тој ова го направи со 18 години и 78 денови, одново го надмина претходниот рекорд кој беше во сопственост на Килијан Мбапе од 2017 година (18 години и 85 дена).

Џуд потоа во последните моменти од првиот дел беше и асистент при голот на Халанд за 2-0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни