Поврзете се со нас

Свет

Ѓуроски се врати на паркетот со осум поени, Аликанте го претрпе првиот пораз

Објавено

на

Стојан Ѓуроски поради проблеми со коронавирусот не му стоеше на располагање на својот тренер во Шпанија, но исто така не беше дел и од македонската епспедиција која имаше залудна прошетка до Талин каде не одигра ниту еден од двата предвидени меча.

Идентично како и Димитријевиќ, Ѓуроски ги надмина проблемите со Ковид 19 и по негативните тестови се врати на паркетот, каде денеска мина нешто повеќе од 14 минути.

За жал, неговиот Аликанте го претрпе првиот сезонски пораз во втората шпанска кошаркарска лига, бидејќи во тесен натпревар загуби од Ковиран Гранада со 70:67.

Македонскиот репрезентативец имаше солидна минутажа за враќање на терените, па натпреварот го заврши со ефект од осум поени, од кои дури шест беа постигнати во третиот период во кој реализираше две тројки.

Аликанте го претрпе првиот пораз во лигата во седмото коло, па сега го дели првото место во групата Б со тимот од кого денеска загуби.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни