Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа по маратонски меч до четвртфиналето на турнирот во Скопје

Објавено

на

foto:www.facebook.com/laville.at

Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа избори место меѓу осумте најдобри на фјучрсот во Скопје „Триглав опен“ што се игра за награден фонд од 40.000 долари.

Лина исто како и вчера имаше напорен, исцрпувачки меч, овојпат со 16.та носителка Рина Саиго од Јапонија. Борбената Саиго даде се од себе, па Ѓорческа мораше добро да се потврди да ја мине и се пласира во четвртфиналето.

Првиот сет донесе огромна борба, истиот траеше 1 час и 15 минути, односно беше решен во тај-брејкот во кој Рина беше подобра со 7-3. Во продолжението стигна одговорот од нашиот рекет, тетовката заигра на повисоко ниво и со 6-2 и 6-2 ја мина оваа пречка, поточно закажа соочување со Сада Нахимана од Бурунди.

Африканката има 22 година, во моментов е 292 на ВТА листата, а во Скопје го има статусот на осма носителка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни