Балкан
Ѓоковиќ открива: Стефан може да го гледа Партизан, но постои еден услов

Новак Ѓоковиќ се подготвува во Торино и ќе ја нападне седмата титула на завршните Мастерс турнири, но пред да дојде до првиот испит, светскиот рекет број еден наоѓа време и за медиумите од Балканот кои се дел од спектаклот.
Хрватскиот медиуми „Вечерње новости“ ексклузивно го пренесе својот разговор со најдобриот светски тенисер, кој се огласува и за една тема која е надвор од тенисот, но сепак е поврзана со спортот и неговото семејство.
Ноле често го гледаме на натпреварите на Црвена Звезда и тој е познат како голем „звездаш“, но неговиот син Стефан навива за Партизан и веќе беше дел од неколку дерби пресметки.
Ѓоковиќ вели дека никогаш не влијаел врз изборот на својот син и го оставил сам да го бира својот омилен клуб, но затоа го предупредил дека ќе добие забрана ако мине одредена граница.
– Некои ми велат зошто сум му дозволил на мојот син да навива за Партизан. Јас сум звездаш, ме прашуваат каков татко сум чим сум го дозволил тоа? Не сум му дозволил ништо, ниту направив нешто за некого да му се допадне, едноставно му дадов да бира.
– Му дозволувам да оди на сите натпервари на кои сака, како и на мечевите со Звезда. Неодамна бевме на таков натпревар и заедно бевме цело семејство. Може да навива за Партизан, но во оној момент кога ќе го слушнам како ги навредува играчите на Звезда или погрдно пее против најголемиот ривал или било кој друг тим, во тој момент ќе заврши неговата кампања на кошаркарски натпревари. Тој добро го знае тоа и засега го почитува, – открива Ноле.
-
Англијапред 22 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Светпред 10 часа
„Бомба“ од Шкотска: Селтик ќе урива трансфер рекорд за да го доведе Миовски!
-
Светпред 23 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
АТПпред 15 часа
Љубичиќ: Синер не е како Алкарас…
-
Англијапред 14 часа
Непроценливо видео: Раја прими смешен гол, Рамздејл му фаќаше сеир од клупата за резерви
-
Европски куповипред 24 часа
Лазаров: Ова е историска победа, ќе продолжиме да работиме за доброто на македонскиот ракомет
-
Англијапред 7 часа
Ѕвезда на Јунајтед се пожали: Критиките од легендите на овој клуб уништуваат животи!
-
Шпанијапред 12 часа
„АС“: Флорентино со нов ултиматум му дава последна шанса на Мбапе