Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ не ги заборави фудбалските ѕвезди кои го гледаа финалето и на посебен начин му се обрати на Ибра (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/rolandgarros

Новак Ѓоковиќ ја освои 23-та грен слем титула и за многумина се зацементира како најголем играч на сите времиња, бидејќи со денешниот триумф во Париз го мина Рафаел Надал по бројот на освоени трофеи на четирите најголеми турнири.

Србинот го победи Каспер Руд во големото финале на „Филип Шатрие“ со 3:0 и од утре се враќа на првото место на табелата, но многу поважно за него е што стигна до тениска историја.

Ноле е првиот тенисер кој освојува 23 грен слем титули во кариерата и изби прв на вечната листа, оставајќи ги зад себе големите ривал Рафаел Надал и Рожер Федерер.

Присутните тениски фанови во француската престолнина денеска сведочеа на историја во „белиот спорт“, а меѓу нив беа и големите фудбалски ѕвезди како Ибра, Мбапе, Жиру, како и НФЛ ѕвездата, Том Брејди.

Ѓоковиќ не ги заборави и им се заблагодари за нивното присуство, но посебна порака му испрати на својот пријател Ибра.

– Ибра, јас и ти веќе се знаеме, ти си ми пријател, – му порача Ноле, а Ибра му возврати со срце.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни