Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ му подари специјален сувенир на Кари, Стеф мораше да импровизира (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Големото дерби меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Голден Стејт предизвика големо внимание во американската спортска јавност, а дел од спектаклот во „Крипто арената“ беше и светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ.

Србинот го откажа настапот во Мајами и образложи дека ќе одвои повеќе време за своите најблиски, но очигледно страста кон спортот прави да го искористи престојот во Америка за уште неколку интересни средби.

Ноле веќе го гледаше Никола Јокиќ и неговиот Денвер, но рано утрово ги гледаше Лејкерси и „воините“, по што од крајот на мечот имаше посебна средба со Стеф Кари.

Фантастичниот шутер беше најдобар во победничкиот тим со 31 поен, а по звукот на сирената имаше симпатична средба со најдобриот светски тенисер.

Ѓоковиќ подготви специјален сувенир за Кари и му подари потпишан дрес, по што Стеф мораше да импровизира и го соблече својот дрес и му го подари на Србинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни