Поврзете се со нас

Дејвис куп

Ѓоковиќ им се налути на британските фанови: Почитувајте ги играчите и замолчете! (Видео)

Објавено

на

Фото:twitter.com/CincyTennis

Новак Ѓоковиќ ја оствари посакуваната победа со која Србија ја победи репрезентацијата на Велика Британија во Дејвис купот, а имаше проблем и со бучните британски фанови.

Истите се обидуваа да му пречат на светскиот рекет број еден во моментите кога сервираше, а на крајот пречеа и додека Ѓоковиќ го даваше вообичаеното интервју по мечот и победата над Нори.

Тоа го налути српскиот тенисер, па им се обрати директно додека говореше со микрофон.

– Научете како да ги почитувате играчите, научете како да ги почитувате луѓето.

– Замолчете, бидете тивки, одете си дома, – им порача Ѓоковиќ на фановите и дел од најгласните на трибината.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни