АТП
Ѓоковиќ го скроти „рускиот ураган“ и се пласираше во големото финале

Андреј Рубљов одигра еден од најдобрите мечеви во својата кариера, но на крајот и тоа не беше доволно за да слави над светскиот рекет број еден, иако мора да се напомене дека беше доста блиску до тоа.
Русинот играше максимално расположено и делуваше како „ураган“ на теренот со своите силни и продорни форхенд удари, но и во сиитуација кога изгледаше како подобар тенисер во првите два сета, не направи доволно за целосно да го сруши Новак Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер одново демонстрираше величествена истрајност и го пронајде најдобриот тенис во завршницата од вториот сет, а потоа беше за нијанса подобар од ривалот и славеше во тешки околности и во третиот сет.
Рубљов поведе со 1:0 такашто направи брејк во 12-от гејм (7:5), но откако продолжи да се заканува и на стартот на вториот сет, се чинеше дека му треба многу малку за триумф. Новак не се предаде и не дозволи такво сценарио, па откако успеа да се избори за тајбрејк, славеше во овој дел од играта со 7:3 и го однесе мечот во решавачки трет сет.
Србинот зема долга пауза пред почетокот на одлучувачкиот сет и замина во соблекувалната пред да побара медицински тајм-аут, по што почна да игра како ништо да не било и на крајот славеше со клучен брејк направен во 12-от гејм (7:5).
Новак на овој начин се пласираше во финалето на турнирот во Париз, во кое во дуелот против Григор Димитров ќе брка јубилејна 40-та Мастерс титула.
-
Германијапред 17 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 17 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Шпанијапред 19 часа
Гризман и Саул имаа провокативни изјави, Жоао Феликс им одговори (ВИДЕО)
-
Светпред 17 часа
Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ го потопија Ал Наср на Роналдо (ВИДЕО)
-
Европски првенствапред 23 часа
Лазаров повика 35 ракометари на поширокиот список, има и едно изненадување (Фото)
-
Англијапред 16 часа
Карагер: Само еден тим е подобар од Арсенал во ЛШ
-
Италијапред 5 часа
Галјардини му се потсмеваше во лице на Рабио, доби одговор две минути подоцна (Видео)