Поврзете се со нас

Дејвис куп

Ѓоковиќ донесе нов „поен“ и ја испрати Србија во полуфиналето на Дејвис Купот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/DavisCup

Селекцијата на Србија ќе биде ривал на Италија во полуфиналето на Дејвис Купот.

Нашите северни соседи дојдоа до потребните поени со победите на Новак Ѓоковиќ и Миомир Кецмановиќ над Камерон Нори, поточно Џејк Дрејпер. Прво Кецмановиќ ја доби пресметката со Дрејпер со 2-0 во сетови и тоа откако беше на повисоко ниво во тај-брејковите кои ги реализираше со 7-2 и 8-6.

Вечерва пак Новак рутински го реши Нори со 2-0 со 6-4 и 6-4, поточно во двата сета направи по еден брејк што беше доволно за славје и пласман во следната фаза.

Ова за првиот светски рекет беше 21 победа во низа (сингл) во Дејвис Купот.

Второто полуфинале е меѓу Австралија и Финска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни