Поврзете се со нас

АТП

Гилберт со прогноза за големото финале: Сакам да видам историја, Ѓоковиќ ќе слави во четири сета

Објавено

на

Од 22 часот се игра финалето на отворено првенство на Соединетите Американски Држави во кое еден на друг ќе удрат Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев, двајца играчи кои во моментов на најдобри на АТП листата.

Ова е посебен дуел за двајцата, Ѓоковиќ може да дојде до календарски грен слем и нов рекорд по бројот на титули (21), додека пак Данил сака да дојде до своето првенче на најголемата сцена.

Сето ова прави мечот да биде и тоа како привлечен, па свој коментар даваат многу познати тениски имиња, а меѓу нив е и Бред Гилберт. Некогашниот светски рекет број четири и совојувач на 20 АТП титули очекува славје на Ѓоковиќ.

-Не сметам дека Новак се мачеше во досегашниот дел на турнирот, во неговата игра нема слабости, освен смечот. Одличен е на трите добиени сета. Нема дел од играта што Медведев би можел да го искористи, но клучот за него, да има шанса е да го освои првиот сет и да сервира извонредно како што тоа досега го правеше во текот на турнирот.

-Сакав да видам историјата откако почнавме да размислуваме за неа. Мразам дури и да зборувам за совршена игра, но тоа сега го гледаме. Лоша среќа е да се каже, но Ѓоковиќ ќе победи, најверојатно во четири сета. Не би бил изненаден и да е во три како во Австралија, -порача Гилберт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни