Поврзете се со нас

Свет

Германски бундеслигаш го прозва Пике: Нека дојде и да видиме дали ќе го промени мислењето (Видео)

Објавено

на

Foto:instagram.com/3gerardpique

Жерард Пике предложи една сензационална промена која треба да се воведе во фудбалот и побара натперварите да траат помалку од 90 минути, бидејќи според него, новата генерација на фудбалски фанови не може да се задржи пред телевизорот повеќе од 30-40 минути.

Легендарниот стопер на Барса смета дека фудбалот треба да го следи модерното време и да прави трансформација, но додека ја даваше оваа изјава, порача дека за него многу подобро е да се гледа фудбал во пижами од својот тросед, отколку да биде на фудбалскиот стадион.

Овој заклучок на поранешниот стопер наиде на доста реакции во јавноста, а Унион Берлин преку својот шпански профил му испрати порака на Пике.

– Ајде да видиме дали Жерард Пике може да не посети на „Алтен Форстереи“ стадионот и дали ќе го промени своето мислење за гледање натпревари од троседот, или на стадион.

– Пивото и колбасите се на наша сметка, – му порачаа од Унион Берлин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни