Поврзете се со нас

Европски првенства

Германката Алтхаус: Со нетрпение го очекувам мечот во Берлин, ќе навивам за Македонија!

Објавено

на

Ања Алтхаус е познато име на нашата сцена, ракометарка која своевремено беше дел од ЖРК Вардар од неговите најдобри времиња за да потоа патиштата повторно да ја спојат со Македонија.

Сега таа работи во женската и машата ракометна репрезентација, а со оглед на тоа што овие вторите сега се актуелни и се на Европското првенство, Германката се грижи за ПР-односите и комуникација со медиумите.

Токму Ања беше интересна за германците пред дуелот на Македонија и нивната земја во Берлин, па таа за „Билд“ откри дека ќе навива за „црвено-жолтите“ на вечершаниот меч.

-Навистина се радувам на атмосферата во Берлин. Ама навистина е посебно да се биде на македонска страна и да се игра против Германија. Но, се разбира, како член на персоналот, јас сум 100 проценти за Македонија, -истакна Алтхаус која е во врска со десниот бек Томислав Јагуриновски.

-Се однесуваме многу професионално. Сите знаат дека со Томи веќе подолг период сме во врска“, изјави некогашната германска репрезентативка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни