Поврзете се со нас

Боречки спортови

Георгиевски „го брка“ Париз: Сребро и нови бодови освоени во Софија!

Објавено

на

Дејан Георгиевски, македонскиот таеквондо борец, со две доминантни победи над Михајло Радаловиќ од Србија и Гисберт Касанова од Шпанија освои сребрен медал на турнирот „Софија Опен Г2“.

Во Финалето загуби од Гарсија Мартинез од Шпанија, но според информациите од Бугарија, на почетокот на борбата тој се здобил со повреда, која не е опасна, но го спречила да биде рамноправен противник.

Ова е втор  турнир од таканаречената „Г класа“ годинава, воедно и втор медал за спортистот кој освои сребро на Олимписките игри во Токио. Ваков континуиран успех во еден олимписки спорт  за македонски спортист е незапамтен во поновата историја.

Со овој пласман, Георгиевски освои нови 13 бодови кои му се потребни за да обезбеди „билет“ за летните олимписките игри во Париз 2024 година.

На турнирот во Софија за Македонија настапи и Филип Додевски. Тој имаше победа во првото коло, но за жал ја загуби борбата која го носеше во пласман за медал, и тоа за само еден поен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни