Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Георгиевски: Да не го разбраниме Волф, сега ја знаеме најслабата алка на Кјелце

Објавено

на

Покрај искусниот Марко Вујин, најава за утрешното ново ракометно дерби во Лигата на шампионите направи и Гоце Георгиевски, вардаровото крило кое исто како и својот соиграч, порача дека во изминатиов период била направена комплетна видео анализа на натпреварот од минатата седмица.

Вардар загуби во „Јане Сандански“ од составот на Душебаев и сега патува во Полска со желба да се прикаже во далеку подобро издание, а Георгиевски потенцира дека тој и неговите соиграчи треба да ја искористата најслабата точка во играта на противникот, односно играта во одбрана.

– Уште претходно знаевме за каков противник се работи, но по првиот натпревар против Кјцеле од пред неколку дена, видовме дека имаме уште многу работа пред себе. Направивме видео анализа, утврдивме каде грешевме и што треба да поправиме. Знаеме дека Кјелце е една квалитетна, искусна екипа чиј напад функционира беспрекорно.

– Може слободно да се каже дека одбраната им е една од послабите алки, но нападот е феноменален. Aко им ја спречиме таа транзиција од одбрана во напад, ако правиме помалку грешки, мислам дека имаме повеќе шанси за добар резултат. На првиот натпревар ние игравме добро во напад, дадовме доста голови, но многу промашивме. Грешките треба да ги сведеме на мининум, да не го разбраниме нивниот голман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни