Поврзете се со нас

Англија

Газдата на Челси има сензационален план: Испратил мега понуда за „мозокот“ на ПСЖ

Објавено

на

ПСЖ започна стави крај на една ера ова лето и им даде отказни решенија на Леонардо и Покетино, па во новиот проект на „светците“, главниот збор изминативе три месеци го имаа Луис Кампос и Кристоф Галтие.

Поранешниот тренер на Лил и Ница го замени Покетино на тренерската позиција, но многу важна аквизиција од Ал Келаифи беше и некогашниот главен мозок на Монако.

Луис Кампос пристигна во Париз како фудбалски советник и тој е одговорен за сите поважни трансфер операции кои се направија во изминатиот летен преоден рок во ПСЖ, но поради титулата која ја има добиено од клубот, има одвразани раце да биде и достапен за други големи клубови од Европа.

Последната вест која доаѓа од Англија е навистина сензационална, бидејќи според изворите на угледниот „Тајмс“, Челси има сериозна намера да го „украде“ Кампос од ПСЖ и наместо да биде нивни советник, да добие многу позначајна функција, наградена со богат договор.

Имено, новиот газда Тод Боли веќе контактирал со Кампос и му понудил да биде нов спортски директор на Челси, а воедно и одговорен за целото регрутирање и селектирање на играчи во првиот тим. Американскиот бизнисмен ги искористил своите конекции за да дојде до искусниот фудбалски работник, кој сега се соочува со прво големо искушение, иако во Париз е само неколку месеци.

„Тајмс“ тврди дека понудата од Челси е максимално примамлива и му се нудат подобри услови од Париз, па останува да видиме каков ќе биде неговиот одговор во периодот кој следи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни