Поврзете се со нас

Италија

Гатузо напиша писмо за Михајловиќ: Никогаш не бевме соиграчи, но… (Фото)

Објавено

на

Фудбалскиот свет испраќа последен поздрав за српскиот великан Синиша Михајловиќ, фудбалер кој стекна светска слава на Балканот, но продолжи да ја надоградува истата и во Италија.

Поради својот квалитет и неверојатната харизма, Миха успеа да ги освои срцата и симпатиите на голем број Италијанци и семејството избра неговото вечно почивалиште да биде во Рим, но пред да дојде до погребот, неговите поранешни соиграчи и досегашни колеги се уште се простуваат од него преку социјалните мрежи.

Во низата пораки кои ги споделуваат многу познати имиња, за издвојување е и писмото кое го напиша неговиот голем ривал од играчките денови, Џенаро Гатузо, кој сега како актуелен предводник на Валенсија испрати емотивна писмо од Шпанија со свој потпис.

Пред две години, Рино покажа колку го почитува Миха такашто седна на неговата клупа пред натпреварот меѓу Болоња и Наполи, а писмото кое сега го напиша доволно говори за тоа колку го почитувал својот сакан колега.

– Со гордост можам да кажам дека бев пријател на Синиша Михајловиќ. Меѓу нас постоеше респект и страст која не зближуваше иако никогаш не бевме соиграчи. Сметам дека не треба да плачеме за неговото заминување, тој не би го сакал тоа.

– Мора да покажеме почит која сите му ја должиме на таков човек. Респектот ќе го покажеме такашто ќе се потсетуваме на сето она што не научи. Се сеќавам на многу негови фотографии со бројното семејство, се сеќавам на многу фотографии од неговите играчи во најтешките моменти и тоа за мене е „вистинскиот човек“. Тој беше способен да ги сподели своите вредности и правеше тие околу него да ги применуваат бидејќи тој беше пример за сите. Ти благодарам за се Синиша, Рино Гатузо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни